ЗА БАС
Приватна самостојна високообразовна установа висока стручна школа БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ – БАС
Приказната за БАС започнува многу пред нашето официјално основање во 2007 година. Професорот Цветко Смилевски кој целиот свој професионален живот го минува во областа на образованието чувствува дека е време сето свое искуство да го вклопи во современа и модерна академија. Академија која ќе понуди револуционерен начин на студирање во Македонија, со диплома признена ширум светот. Така се раѓа и започнува приказната за Бизнис Академија Смилевски.
Формално сме основани во 2007 година кога ја добиваме и акредитацијата од МОН, како и дозволата за работа. Една година траат подготовките, изборот на наставен кадар, подготовката на наставни материјали и во 2008 година стартуваме со настава првата генерација на студенти по оперативен менаџмент.
Во моментов имаме три студиски програми:
- Бизнис менаџмент и
- Маркетинг менаџмент на додипломски студии и
- Стратегиски менаџмент на постдипломски студии.
За повеќе информации кликнете на следниов линк https://bas.edu.mk/